ПОЛУВРЕМЕ ПМФЛ: Шкендија со минимално водство во Кратово, „лавовите“ сигурни против Шкупи (ВИДЕО)

Фудбалерите на актуелниот шампион на Македонија, Шкендија имаат минимално водство од 0-1 на полувреме на гостувањето во Кратово кај Силекс во натпревар од 30. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Откако во првата третина од првиот дел ниту еден од двата тима немаше шанса, првата разлика ја направија гостите која на крајот материјализираше со гол. Водство од 0-1 за актуелниот шампион на Македонија донесе Фахд Нзенге во 19. минута.

До крајот на првиот дел Силекс имаше убава двојна шанса во 35. минута, но голманот на гостите Гаје двапати одлично интервенираше.

Во вториот меч од денешната програма Македонија Ѓорче Петров има сигурно водство од 0-3 против „фенерџијата“ Шкупи. Стрелци на головите за „лавовите“ беа Галевски и Николиќ на двапати.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...