Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, лично го контактирал Португалецот Бернардо Силва и го прашал за доаѓањето во Торино.
На крајот од тековната сезона, договорот на 31-годишниот Бернардо Силва со клубот од Манчестер истекува, а соработката нема да биде продолжена, но играчот од средниот ред ќе најде нова средина во својата кариера.
Со лична покана, Спалети се обиде да ги зголеми шансите за пристигнување на Силва во клубот што го води, со фактот дека ова не е прв контакт меѓу Јувентус и Португалецот. Раководството на клубот од Торино разговарало со менаџерскиот тим на играчот и на Бернардо Силва наводно му е понуден тригодишен договор.
Бернардо Силва ја започна својата кариера во Бенфика, а потоа преку Монако пристигна во Манчестер сити во 2017 година. Тој бил важна алка во сите големи успеси на тој клуб во последните години, а вкупно одиграл 299 натпревари во Премие лигата со 45 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
