Ракометарите на Охрид денеска го играат својот најголем меч во клупската историја откако на домашен терен го пречекуваат словенечкиот гигант Целје Пивоварна Лашко во реванш натпреварот од полуфиналето во ЕХФ европскиот куп.
Охриѓани имаат за задача вечерва да ја анулираат негативата од еден гол од првиот меч одигран во Словенија. Хрватскиот интернационалец во редовите на охридските „гладијатори“ најави дека тимот е максимално мотивиран за историски пласман во финалето.
„Имавме недела во која воигрувавме нови тактички замисли, а дел од играчите добија и заслужен одмор. Сакаме да сработиме најдобро што можеме и да пренесеме дел од замислите на мечот против Целје. Имаме добра енергија, пред нас е меч за историја и едвај чекаме да се појавиме на паркетот.
Треба сите да одиграме максимално фокусирано и заедно со нашата публика да дојдеме до резултат што ќе ни го трасира патот кон финалето. Играме одлична одбрана, се надевам дека ќе ја повториме и на мечот со Целје“, рече Иванковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
