Навивач доби затворска казна поради расистички навреди кон Рашфорд

Шпанскиот суд изрече затворска казна за навивач на Овиедо кој на расна основа го навредувал англискиот фудбалер Маркус Рашфорд. Инцидентот се случил за време на натпревар, кога навивачот упатил недолични зборови додека фудбалерот се подготвувал да изведе корнер.

Целиот настан бил забележан на видеоснимка, што овозможило брза реакција на надлежните органи. Сепак, осудениот има можност да ја избегне затворската казна доколку исполни неколку строги услови: да плати парична казна од 2.000 евра, редовно да посетува едукативна програма против дискриминација и расизам, и да почитува тригодишна забрана за влез на сите фудбалски стадиони.

Со оваа пресуда, шпанските власти уште еднаш испратија јасна порака за „нулта толеранција“ кон расизмот во спортот.

Се вчитува...