Брентфорд го прегази Вест Хем и му помогна на Тотенхем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брентфорд стигнаа до голема победа во битката за Европа следната сезона откако денеска славеа на домашен терен против Вест Хем јунајтед со убедливи 3-0 во меч од 35. коло во англиската Премиерлига.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со автоголот на Мавропанос во 15. минута, а со овој резултат се замина на пауза. Во вториот дел Игор Тиаго зголеми на 2-0 од пенал во 52. минута, додека конечните 3-0 ги постави Дамсгард во 82. минута.

Brentford 3- 0 West Ham United -Damsgaard 83'
byu/Puzzled-Category-954 insoccer

Во останатите два меча од програмата од 16 часот: Вулверхмептон и Сандерленд одиграа без победник 1-1, додека Њукасл славеше над Брајтон со 3-1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...