ПСЖ се чуваше за Баерн, па одигра само реми против Лориен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен одиграа само реми 2-2 против Лориен во натпревар од 31. коло во Лига 1. Луис Енрике се одлучи на овој меч да ги поштеди своите најдобри фудбалери како би ги зачувал за реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Мбаје во 6. минута. Гостите успеаја да израмнат на 1-1 во 12. минута преку Пагис. Ново водство за светците (2-1), донесе Заире-Емери со неговиот гол во 62. минута. Лориен израмни на 2-2 во 78. минута преку Тосин.

PSG [2] – 1 Lorient – Warren Zaire-Emery 63'
byu/eliseihado insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...