Трагедија ја потресе фудбалската Србија откако се случи смртен случај за време на натпревар.
Ужасни вести пристигнуваат од Горњи Степош кај Крушевац, откако голманот на Читлук, Никола Јовановиќ, доживеа срцев удар на полувремето од натпреварот од Првата расинска лига и почина.
Борбата за живот на Никола траеше сè до моментот кога беше прогласена смрт на пат од Горњи Степош до болницата во Крушевац.
„Дота дојде во нашиот клуб ова лето и беше најавен како големо засилување меѓу стативите. Тој многу брзо покажа зошто. Брзо ги освои срцата на сите навивачи на нашиот клуб со своите феноменални настапи, а одбраниот пенал во Пољна во победата од 4-3 над Благотин ќе биде особено запаметен. Можеме да зборуваме за Дота до утре, каков голман е, но особено мора да кажеме дека тој е голем човек, пријател и брат на сите во клубот и околу клубот. Денеска изгубивме голем човек“, се вели во емотивното соопштение на ФК Читлук.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
