Замената за Ван Дајк е негов сонародник!?

Вирџил Ван Дајк има веќе 34 години, на лето ќе наполни 35, па Ливерпул веќе размислува за негова замена на „Енфилд“. Според последните информации, би можел да го замени негов сонародник, кој доаѓа од Брајтон.

Станува збор за Јан Пол ван Хеке, кој е нова „мета“ на тимот од Енфилд. Арне Слот наводно бил голем миленик на играта на овој стопер. Идната сезона ќе влезе во последната година од договорот, а менаџерот на Ливерпул сака да го искористи тој факт и да го донесе во својот тим.

Ван Хеке е еден од најдобрите стопери сезонава во Премиерлигата. Има 25 години, и би требало да биде долгорочно решение за „црвените“. Холанѓанецот пристигна во 2020 година од Нак Бреда за само 2 милиони евра, заминуваше на позајмици, а сега е неизоставен дел од тимот на Брајтон.

Претходно Холанѓанецот се поврзуваше со трансфер во Челси и Тотенхем.

Се вчитува...