Фудбалерите на Ленс не го искористија киксот на Пари Сен Жермен порано денеска, откако вечерва ремизираа на гостувањето кај Ница 1-1 во натпревар од 32. коло во Лига 1.
Откако по првиот дел мируваа мрежите до водство од 0-1 стигнаа во 60. минута кога Сент Максимин прецизно стрелаше. До крајот на мечот Ленс остана со фудбалер помалку по директниот црвен картон на Абдулхамид во 81. минута, а сето тоа го искористија домаќините кои стигнаа до реми 1-1 со погодокот на Aбди во 84. минута.
🚩 Live: Nice 0-1 Lens
⚽️ Goal: Saint-Maximin (60′) pic.twitter.com/TjV5trTBRB
— Goals Clips (@goalsclips) May 2, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
