Игра во голема форма Донјел Мален во Рома, откако пристигна како позајмен од Астон Вила. Овој крилен напаѓач пристигна на „Олимпико“ на позајмица од Астон Вила вредна 2 милиони евра, а сега може да биде откупен и да стане во трајна сопственост на „волчицата“ за 25 милиони евра.
Според информациите, Рома е задоволна од настапите на Холанѓанецот, и подготвена е да ја плати откупната клаузула, за да остане во „вечниот град“. Холандските медиуми тврдат дека и самиот играч е задоволен од статусот во Рома, и дека сака да остане.
Доколку трансферот биде реализиран, би добил прилика со стабилна форма да се избори за настап на престојниот Мундијал. Се очекува Рома во следниот период да ја формализира одлуката и да го откупи договорот од Астон Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
