Шок во Барселона: Рафиња размислува на заминување на лето

Ако ова се оствари, тоа би било голем шок за Барселона и нејзините навивачи. Крилниот напаѓач Рафиња размислува за заминување во ткеот на летото. Според изданието на „Спорт“, 29-годишниот Бразилец минува низ период на двоумење во последните недели.

Тој веќе го информирал клубот дека има дилема дали да остане или да замине. Сепак, неговата неизвесност не е поврзана од клубот, туку од лични причини.

29-годишникот беше кандидат за Златната топка мината сезона, но во оваа сезона е во катастрофална форма. Две сериозни повреди го ограничија на само 31 настапи в оцелата сезона, и постигнати 19 гола и осум асистенции.

Договорот на Бразилецот со Барса е до јуни 2028 година, и доколку замине ова лето, Барселона добро би заработила од него. Според извештаите, неколку клубови од Саудиска Арабија ја чекаат разврската.

Каталонците не се заинтересирани за продажба, па така му нудат да остане затоа што е клучен дел од плановите на тренерот Флик. Според информациите, клубот наскоро ќе почне разговори и се надева на позитивен исход, со надеж дека Рафиња ќе ја врати старата форма.

Се вчитува...