Силва се премислува: Ѝ рече „ДА“ на Барселона, но стигна богата понуда

Португалецот Бернардо Силва го напушта Манчестер Сити по девет години. Тој е слободен агент од 1 јули, но со оглед на тоа што е врвен играч, нема да го има тој статус долго.

Барселона наводно завршила 80 проценти од работата околу потпишувањето на 32-годишниот играч од средниот ред. Тој се согласил на плата од седум милиони евра годишно, а се чека формализирање на работата.

Сепак, турскиот гигант Галатасарај реши да се вклучи. Тие му испратија на Бернард нереална понуда.

Наводно, португалската ѕвезда има тригодишен договор вреден неверојатни 50 милиони евра. Во оваа бројка се вклучени и бонусите.

Ова значи дека неговата плата во редовите на турскиот шампион би била близу 17 милиони евра годишно. Тој ја имаше и таа сума во Сити и ќе биде интересно да се види дали Португалецот ќе се предомисли поради парите.

Се вчитува...