Легендарниот Подолски освои трофеј, па најави пензионирање

На 40 години Лукас Подолски освои уште еден трофеј во својата кариера. Легендарниот германски напаѓач синоќа го освои Купот на Полска со Горник Забрзе.

Подолски потоа најави и крај на кариерата, односно дека нема повеќе да игра фудбал по завршувањето на сезоната.

Подолски остави траен белег во германскиот фудбал. Играше за германската репрезентација која во 2014 го освои најблескавиот трофеј – Светското првенство. Беше дел од селекцијата на Германија на 130 натпревари, и на седум големи натпреварувања.

Играше за Келн, Баерн Минхен, Арсенал, Интер, Галатасарај, Висел Кобе, Анталијаспор и сега во Горник.

Се вчитува...