Од втора лига за само една година до шампионскиот трон во „елитата“. Тоа му успеа на тимот на Тун, кој официјално стана првак на Швајцарија. Така македонскиот интернационалец Елмин Растодер се закити со титулата во оваа земја.
Тимот на Растоддер одигра брилијантно во последниот дел од есенската и раната пролетна сезона, забележувајќи 10 победи, 12 нерешени резултати и 13 натпревари, и дојдоа на чекор од освојување на првиот трофеј во историјата на клубот.
Кога беа блиску до целта, забавија и претрпеа четири порази во последните пет натпревари, но сите дилеми беа решени три кола пред крајот. Нивниот најголем ривал за титулата Сент Гален денес загуби со 3:0 дома од Сион и остана на 11 бода на три кола до крајот.
Интересно е што на 2 мај минатата година, Тун официјално го обезбеди 1-то место во втората лига и враќање во елитата, а денес, 366 дена подоцна, го обезбедија својот прв трофеј во нивната 128-годишна историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
