Борнмут со крупни чекори „гази“ кон Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борнмут го победија Кристал Палас на својот стадион со резултат од 3:0 во 35-то коло од англиската Премиер лига.

Андони Ираола ја напушта клупата на популарните „цреши“, и е на добар пат да ги остави со историски резултат и пласман во едно од европските натпреварувања.

Домашниот тим ја заврши целата работа во првото полувреме, а поведе во 10-тата минута со несмасен автогол на Лерма, по корнер-шут од левата страна на Скот. Во 32-та минута, Борнмут доби пенал, кој Крупи го претвори во гол за 2:0.

Во продолжение на слична приказна, Борнмут не им даде на гостите никаква шанса ниту да помислат на враќање, па дури и го постигнаа третиот гол во 77-та минута.

Домашните играчи изведоа одлична транзиција, Брукс испрати пас во празен простор за Рајан, а Рајан направи рутинска егзекуција од идеална позиција, за 3:0.

Се вчитува...