Тензиите растат во соблекувалната на Реал Мадрид, а во центарот на незадоволството, според „Ел Мундо“, е Килијан Мбапе. Додека ситуацијата на теренот е во голема мера мирна, настаните надвор од него станаа главна тема на разговор, а сè се врти околу начинот на кој се управува со закрепнувањето на француската ѕвезда од повредата.
Претходниот проблем со коленото на Мбапе веќе предизвика внатрешни дискусии и доведе до прилагодувања во рамките на медицинскиот тим претходно во сезоната. Сега неговата најнова повреда на мускулот, која се смета за релативно мала, ги подгреа истеите сомнежи.
Ситуацијата стана почувствителна поради неговата одлука да патува во Италија и Париз за време на закрепнувањето. Иако патувањето во придружба на физиотерапевтите на клубот првично беше разбрано и прифатено во тимот, реакциите сега се поделени.
Според извештаите, некои играчи се прашуваат зошто ваквите патувања се неопходни за полесна повреда, особено во клучна фаза од сезоната кога се очекува максимална посветеност од сите.
Престојното дерби со Барселона го зголемува притисокот. Мбапе најави дека ќе стори се што може да биде способен за тој натпревар, но прашање е дали ќе стигне навреме да се рехабилитира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
