Синер го „збриша“ Зверев и ја освои титулата во Мадрид

Во голем стил Јаник Синер го збриша Александар Зверев со 2-0 (во сетови 6-1, 6-2) и така ја освои титулата во Мадрид.

Ова е четвртиот трофеј за Италијанецот. Колку е доминантен во моментов, покажува фактот што дојде до 23-тиот триумф по ред, и во нив загуби само два сета. Исто така ова е седми пат по ред како го победува својот ривал.

Синнер беше многу доминантен. Во првиот сет брзо стигна до 5:0, набргу потоа и до 6:1, а само 26 минути му беа доволни за да ја добие предноста.

Ништо не се промени во вториот сет. Зверев изгледаше малку подобро на теренот, но не доволно за да го загрози својот ривал. Италијанецот го зеде сервисот на противникот во третиот гем, истото го стори и во седмиот и го приведе натпреварот кон крај без никакви проблеми.

Се вчитува...