Менхенгладбах за еден гол подобар од Дортмунд (ВИДЕО)

Борусија Менхенгладбах со гол во претпоследната минута од мечот, дојде до бодовите против Борусија Дортмунд. Овој пораз нема да има никакво влијание врз гостите, со оглед дека претходно го обезбедија учеството во Лигата на шампионите.

Двата тима имаа шанси во текот на целиот меч, а потоа домашниот тим искористи една грешка на гостите и дојде до гол.

Рајц испрати добра топка до Табаковиќ, кој постигна гол. Првично, голот беше поништен поради офсајд, но по проверката на ВАР снимката, се утврди дека напаѓачот на Менхенгладбах не е во недозволена позиција, за голема радост на играчите во бели дресови.

Се вчитува...