Екипата на Волфсбург би можела да испадне од Бундеслигата, а во најдобар случај ќе игра бараж за опстанок, откако освои само бод на гостувањето кај Фрајбург играјќи 1:1. Со тоа заостанувањето од Вердер сега изнесува шест бодови, на две кола до крајот и ќе треба да се случи чудо за „волците“ да дојдат до директен опстанок.
А, Волфсбург беше во одлична позиција. Имаше предност со голот на Кулиеракис во 55. минута од средбата. „Полна капа“ ќе беше победа на ова гостување за нив, но радоста им ја „скрати“ Ленарт кој во 75. минута успеа да донесе бод за домашниот тим.
Од друга страна, пак, Фрајбург со овој бод се доближува до пласман во Лигата на Конференции идната сезона, и покрај тоа што овој тим игра во полуфиналето во Лигата на Европа, и може лесно да обезбеди пласман дури и во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
