Бегство од опасната зона направи тимот на Тотенхем. На гостински терен ја совлада Астон Вила со 1-2, и направи ОГРОМЕН чекор кон опстанокот во Премиерлигата. Сега му избега еден бод на Вест Хем, а му се доближи на Нотингем Форест на два бода на три кола пред крајот на првенството. Астон Вила, пак, пропушти можност да го престигне Ливерпул, и да го запечати пласманот во Лигата на шампионите.
Тотенхем за само 13 минути го реши победникот. Галагер во 12. минута донесе предност за Тотенхем, а во 25. минута Ричарлисон зголеми на 0-2, и го доближи гостинскиот тим до победата. Во финишот Кеш само успеа да го ублажи поразот.
Тимот предводен од Де Зерби одигра одличен натпревар, особено во одбраната со оглед дека му дозволи на Астон Вила само еден удар кон нивниот гол. Но, Унаи Емери се насочува кон второто полуфинале во Лигата на Европа против Нотингем Форест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
