После една година пауза, Интер повторно е шампион на Италија откако вечерва со победата над Парма и дефинитивно го освои СКУДЕТОТО. „Нероазурите“ на крајот триумфираа со 2-0, и така направија недостижна предност на првото место на табелата.
„Џузепе Меаца“ вечерва беше преполна, се бараше билет повеќе за шампионското славје, а Интер врати на најдобар можен начин – со победа и тоа над Парма, тимот кој го предводеше Кристијан Киву до опстанок лани, а сега ја освојува и првата титула во кариерата како тренер.
Турам во финишот од првиот дел го однесе Интер во предност на додавање на Зиелински. На 2-0 зголеми Мхитарјан на асистенција на Мартинез, и така славјето можеше да почне.
На три кола до крајот сега Интер има 12 бодови предност пред Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
