Винисиус го одложи шампионското славје на Барселона (ВИДЕО)

Шампионската промоција на Барселона во Ла Лига ќе почека барем уште една недела, откако Реал Мадрид дојде до победа на гостувањето токму во Барселона, но кај Еспањол со 0-2.

Човек на одлуката беше Винисиус Жуниор кој постигна два гола во вториот дел, и така донесе триумф на „кралевите“ и одлична атмосфера пред „Ел Класико“ идниот викенд, кога Барса може да ја потврди титулата.

Вини првиот гол го постигна во 55. минута, а потоа стрелаше и во 66. минута за триумф на Реал.

Се вчитува...