Со тесна победа над прилепската екипа Младост 96, пингпонгарките на Шампион ФА од Штип ја освоија титулата во најдобрата македонска женска лига за сезоната 2025/2026.
Со победа од 4-3 во последното коло со директниот конкурент, штипската екипа ја освои титулата, додека Младост 96 ги имаше работите во своите раце, но не ја искористи шансата.
Екипата од Штип е предводена од шампионката во поединечна конкуренција Амелиа Николов, а титулата ја освои заедно со Сара Стојановска и Мила Штркова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
