Кошаркарите на Кливленд го елиминираа Торонто, победувајќи со 114-102 во мајсторката на домашен терен.
Торонто не успеа да направи изненадување и да ги нокаутира Кавалирс, кои сега ги очекува судир со Детроит.
Ален, во победничкиот тим, беше најефикасен со 22 поени и дури 19 скока, Мичел постигна 22 поени, додека Харден имаше 18 поени и шест скока.
За Торонто се истакнаа Барнс со 24 поени, девет скока и шест асистенции, а Барет со 23 поени, шест асистенции и четири скока.
Кливленд го игра својот прв натпревар против Детроит, на гостински терен.
Детроит Пистонс успеаја да ги елиминираат Орландо Меџик во првото коло од плејофот откако ги победија со 116-94.
Кошаркарите на Детроит Пистонс ја оправдаа својата улога како први носители на Истокот и заработија место во следната рунда од плејофот, иако беа на работ на елиминација против Орландо.
Орландо пружи силен отпор во текот на серијата, но во решавачкиот, седми натпревар, беа ослабени од неиграњето на Франц Вагнер, што се покажа како голем хендикеп на крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
