На сите веќе им е јасно дека Карло Анчелоти нема да го повика Нејмар за претстојниот мундијал, а однесувањето на искусниот голгетер по соочувањето со оваа болна реалност е најблаго речено – катастрофално.
Тој минатиот месец веќе пропушти два тренинзи без да добие дозвола од тренерот, но ситуацијата ескалираше на почетокот од мај, откако Нејмар влегол во сериозен конфликт со соиграч, и тоа со Робињо џуниор, синот на прославениот бразилски голгетер Робињо.
На инцидентот претходел одличен дриблинг на Робињо при еден дуел со Нејмар, по што легендарниот Бразилец се почувствувал посрамотено од соиграчот. Нејмар влегол во конфликт, па дури и до мала физичка пресметка пред да биде раздвиен од соиграчите.
Младиот Робињо џуниор бил шокиран бидејќи гледал на Нејмар како на свој ментор, а самиот ветеран по тренингот ја увидел грешката, па се извинувал на семејството на соиграчот, но без преголема корист,
Дефинитивно, како се блужи крајот на кариерата, така згаснува и митот за легендарниот Нејмар, на и надвор од теренот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
