Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информираше јавноста дека е донесена одлука за раскинување на договорот со Љупчо Трајковски, ангажиран како тренер во Спортската академија на ФФМ за генерација 2011 и асистент на селекторот Горан Станковски во репрезентацијата до 15 години.
Трајковски во моментот ја извршува и функцијата спортски директор на ФК Тиквеш.
„ФФМ изразува благодарност до Љупчо Трајковски за неговиот ангажман и придонес во работата со младите фудбалери, посакувајќи му успех во понатамошната кариера“ – порачаа од ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
