Рафиња не мрда од Барселона

Барселона и во следната сезона ќе го има Рафиња во своите редови откако бразилскиот репрезентативец без размислување ја отфрли новата понуда што ја доби од Саудиска Арабија. Богатите клубови му нудеа значително поголема плата, за Барса беа понудени огромни 90 милиони евра, но преговорите се во старт прекинати – бидејќи фудбалерот јасно стави до знаење дека нема намера да ги менува клупските бои.

Рафиња и минатото лето беше поврзуван со преселба во Саудиска Арабија, но поранешниот ас на Лидс и тогаш јасно стави до знаење дека плановите за иднината му се поврзани со Барселона. Тој сезонава настапи на 31 меч во сите натпреварувања, постигнувајјќи 19 гола и 8 асистенции, бројки што сигурно ќе беа уште подобри да не беа честите проблеми со повредите што Рафиња ги имаше во изминатите месеци.

Тренерот Флик не крие дека на Бразилецот гледа како на еден од лидерите во тимот.

„Рафиња е еден од оние играчи кои секогаш даваат 100%, без разлика дали говориме за натпревари или за тренинг. Неговиот пристап е оној вистински пристап што секој тренер го посакува од сите свои играчи. За нас е многу важно да го имаме во екипата и се надевам уште долго ќе го носи дресот на Барса“, истакна неодамна Ханси Флик.

Се вчитува...