Само што Вељко Пауновиќ стана селектор на Србија и го започна процесот на нова ера на репрезентацијата, тој би можел да ја напушти. Се е се уште далеку од реалноста, но според најавите на шпанска „Марка“, селекторот на „орлите“ е на листата на желби на Хетафе.
Самата желба на Хетафе не е спорна, бидејќи Шпанците наведуваат дека Пауновиќ има отворена клаузула во договорот со Фудбалскиот сојуз на Србија, според која може да замине во случај на понуда од клубовите што ги споменал во договорот.
Тоа се Атлетико Мадрид, Овиедо, Мајорка, Тенерифе, Алмерија и, како што се издвојува, Хетафе.
Хозе Пепе Бордалас би можел да го напушти тимот од предградието на Мадрид ова лето, бидејќи му истекува договорот, а тој постојано изјавуваше дека не е задоволен од финансиската состојба.
„Марка“ истакнува дека, од друга страна, првата желба на челниците на Хетафе е да го ангажираат Фабио Селестини за тренер, кој беше отпуштен од ЦСКА Москва. Таа опција би ја спасила клупата на Србија од потрагата по нов селектор, иако прашањето е што самиот Пауновиќ мисли за се.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
