Челси има негатива од 0-2 против Нотингем форест на полувреме во меч од 35. коло од Премиерлигата. Крајот на првиот дел беше обележан со грда сцена.
Домашниот тим имаше корнер, а 19-годишниот стопер Зак Абот со глава ја удри топката и жестоко го удри Џеси Дери. Младиот играч на Челси, за кого ова беше деби натпревар во Премиерлигата, не можеше да стане речиси 10 минути, па беше изнесен од теренот на носилки, а Абот исто така мораше да ја напушти играта поради повреда.
Судијата Ентони Тејлор покажа кон пеналот, но искусниот белгиски голман Мац Селс го одбрани обидот на Кол Палмер.
Jesse Derry and Zach Abbott clash heads
byu/Kappa_Man insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
