Нема крај на мизеријата на Челси (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси повторно ги разочараа своите фанови откако неочекувано загубија на домашен терен од Нотингем форест со 0-3 во натпревар од 35. коло од сезоната во Премиерлигата.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Авонији уште во 2. минута. На 0-2 зголеми Игор Жезус од пенал во 15. минута. Во финишот на првиот дел домашниот тим имаше корнер, а 19-годишниот стопер Зак Абот со глава ја удри топката и жестоко го удри Џеси Дери. Младиот играч на Челси, за кого ова беше деби натпревар во Премиерлигата, не можеше да стане речиси 10 минути, па беше изнесен од теренот на носилки, а Абот исто така мораше да ја напушти играта поради повреда.

Судијата Ентони Тејлор покажа пенал, но искусниот белгиски голман Мац Селс го одбрани обидот на Кол Палмер. Во вториот дел Авонији со својот втор гол на мечот зголеми на 0-3 во 52. минута, додека до крајот домаќините преку Жоао Педро во 93. минута успеаја да постигнат само почесен погодок 1-3.

 

Chelsea 0 – [3] Nottingham – T. Awoniyi 52'
byu/eliseihado insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...