Цеск Фабрагас пристигна во италијанскиот тим Комо во 2022 година како играч додека клубот сè уште беше во Серија Б. По пензионирањето, тој го презеде кормилото на тимот и го водеше до промоција во Серија А.
Минатата сезона, без напор го одржа Комо во елитното ниво на италијанскиот фудбал, а оваа сезона ги одведе до полуфиналето на Купот на Италија и сè уште е во трка за место во квалификациите за Лигата на шампионите. Одличната работа што ја врши го привлече интересот на бројни европски гиганти, особено неговиот поранешен клуб Челси, но тој откри во интервју за Телеграф дека не брза да го напушти Комо.
„Премиер лигата е најдобрата лига во светот, секогаш сум го кажувал тоа јасно. Тоа го мислев како играч, а истото го чувствувам и како тренер и како навивач – почна тој и додаде:
„Но, Мурињо еднаш ми даде совет кога бев во Челси дека имам уште 30 години работа пред мене. Тоа значи дека можам да бидам тука десет години, а сепак да одам во Премиер лигата за 12 или 15 години. Фудбалот е непредвидлив, сè се менува во секунда. Еден ден си најдобар, а следниот ден најлош. Затоа мора да уживаш во моментот. Јас уживам во моментот и тука сум среќен. Ќе видиме што носи иднината“, рече тој на таа тема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
