Рома „докторски“ ја растури Фиорентина, жив е сонот за ЛШ (ВИДЕО)

Сонот за пласман во Лигата на шампионите на Рома се претвора во јаве, откако овој тим вечерва ја „растури“ екипата на Фиорентина и ја победи со 4-0. Со тоа „волчицата“ му се доближи на Јувентус на само еде нбод, откако овој тим направи нов „кикс“ и одигра само 1-1 против испаднатата Верона.

Домашната екипа го реши победникот за само 32 минути. Манчини во 13 минута донесе предност, истата ја зголеми Весли Франка во 17-тата, а во 34. минута Ермозо веќе донесе 3-0.

Во вториот дел уште еден гол во мрежата на Фиорентина, кога Писили погоди по асистенција на Мален, и така ја запечати судбината на „виола“.

Се вчитува...