Спектакуларен натпревар вечерва одиграа Евертон и Манчестер Сити кој заврши без победник 3-3, и така ги задржа шансите за титула во Премиерлигата. Ова е одличен резултат за тимот на Пеп Гвардиола, ако се има во предвид фактот дека во 81. минута имаа негатива од 3-1. Ова „реми“ го слават и навивачите на Арсенал, кои сега повторно имаат се во свои раце.
Иако Манчестер Сити водеше и се чинеше дека ја има контролата на мечот, сепак, Евертон успеа да направи пресврт и тоа за краток период, да ја искористи „збунетоста“ на стоперите на Сити, кои не знаеја каде се наоѓаат во миговите кога домаќините стрелаа во мрежата на Донарума.
Доку во 43. минута изведе магија и ја смести топката во горниот десен агол од голот на Пикфорд, за Сити да замине на полувреме со предност.
Во 68. минута Геј направи огромна грешка, му ја подари топката на Бери, кој донесе израмнување. Само четири минути подоцна нов шок за Сити носи О’Брајан. Изведен корнер, а играчот на Евертон се снајде и донесе предност за првпат на мечот.
Падот во играта на Сити го искористи Еверотн да постигне и трет гол преку Бери во 81. минута. Меѓутоа тимот на Пеп Гвардиола се врати веднаш, по само две минути Халанд намали на 3-2.
Напаѓаше Сити да дојде барем до бод на ова гостување, во последниот напад замина и Донарума. И така пред последниот свиреж Доку изведе уште една магија, и донесе бод за својот тим.
Манчестер Сити сега заостанува пет бодови зад Арсенал во меч помалку, па „топчиите“ повторно имаат голема можност да дојдат до пехарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
