Ветеранот Алексис Санчез е спасител на тимот на Севиља. Тој го постигна единствениот гол вреден победа за тимот против Реал Сосиедад, носејќи златни три бода во битката за опстанок во Ла Лига.
Санчез во 50. минута успеа да го постигне погодокот, кој му донесе важна победа на домашниот тим. Најдобро се снајде во шеснесетникот, и го измами голманот на Реал Сосеидад за огромни три бода.
Севиља сега за момент избега од опасната зона, и освои 37 бодови, или еден повеќе од Алавес кој има 36.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
