Ја имаше судбината за титулата во Премиерлигата во своите раце Манчестер Сити. Меѓутоа се случи неочекуван „кикс“ вчера против Евертон, и само нерешено 3-3. Сега разликата е пет бодови, со тоа што Сити има меч помалку, меѓутоа му препушти на Арсенал сега да ја води битката за трофејот.
Манчестер Сити одлично почна, имаше предност, имаше контрола, а потоа огромни киксови во одбраната, и три гола за Евертон. И кога се чинеше дека „граѓаните“ ќе запишат пораз, се појави Џереми Доку кој буквално во последните секунди израмни. Бод подобро од пораз, меѓутоа сега се е во рацете на Арсенал.
После мечот зборуваше и Пеп Гвардиола, кој истакна дека е задоволен од играта на својот тим.
„Одигравме навистина одлично прво полувреме. Во второто противникот се крена на повисоко ниво. Им подаривме гол, а потоа видовме вистински, англиски натпревар, со толку агресивност во дуелите. Но, одигравме добро. Бевме одлични, често доаѓавме до шанси. Не е лесно да се игра против екипа која се брани со девет играчи, а потоа излегува во транзиција. Земавме бод и додека не е готово, ќе продолжиме да се бориме. Титулата не е повеќе во нашите раце. До пред овој натпревар беше, сега не е. Но, има уште четири кола и сега мислиме само на следниот меч против Брентфорд “, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
