Секој преоден рок во последните 1-2 години, Рафаел Леао го селат од Милан, и на крај Португалецот и натаму останува на „Сан Сиро“. Исто ќе биде и во престојниот трансфер период, со оглед дека уште од сега почнуваат шпекулациите за негова можна следна дестинација.
Напаѓачот е на „мета“ на Манчестер Јунајтед, а уште два премиерлигаши се вклучуваат во трката: Челси и Арсенал. Челси иако има многу играчи на таа позиција, сепак, го посакува и Леао во својот ростер по разочарувачката сезона. Арсенал, пак, сака да ја засили левата страна и да ја зголеми конкуренцијата.
Милан, пак, размислува што да прави со Португалецот, кој игра во стил „топло-ладно“. 26-годишниот играч веќе не е „недопирлив“, па може многу лесно да се случи „росонерите“ да прифатат некоја од понудите од Англија за Леао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
