Нејмар завршува со репрезентацијата после шамарањето на синот на легендарниот фудбалер!?

Невидениот скандал во режија на Нејмар, може да го остави без репрезентацијата на Мундијалот, а можеби и после него.

Според бразилските медиуми, Нејмар за време на тренинг на Сантос му удрил шлаканица на Робсон де Соуза Џуниор, синот на прославениот фудбалер Робињо. Робсон успеал неколку пати да го надмудри Нејмар со дриблинг, а веројатно искусниот фудбалер испровоциран од овие потези, ја загубил контролата и физички го нападнал соиграчот.

Овој потег предизвика шок кај неговите соиграчи, но и во јавноста, бидејќи стануваше збор за однесување кое ги надминуваше границите на нормалните тензии на тренинг.

Бразилската федерација наводно размислува и за дополнителна санкција за репрезентативецот, со што би го загубил статусот на играч на репрезентацијата на Бразил, а со тоа и веројатно ќе ја заврши својата кариера со националниот тим.

Се вчитува...