Наградната игра „Кој ти брани да одиш во Мексико?“ во организација на Hisense и Gorenje донесе вистинска спортска еуфорија, адреналин и незаборавна атмосфера преку динамичниот настан – натпревар во шутирање пенали, кој ја одбележа втората фаза од кампањата.
Просторот беше внимателно подготвен за едно вистинско спортско доживување – со професионално поставен гол, таргети за освојување поени, јасно дефинирани правила и целосна организациска поддршка за учесниците. Уште од самиот почеток, енергијата беше на високо ниво, а учесниците мотивирани да го дадат својот максимум во трката за главната награда.
Натпреварот се одвиваше во три возбудливи фази – квалификации, полуфинале и големо финале. Во квалификацискиот дел, натпреварувачите покажаа прецизност и концентрација, освојувајќи поени со секој успешен погодок во таргетите. Најдобрите продолжија во полуфиналето, каде конкуренцијата стана уште пожестока, а секој шут носеше одлука поблиску до финалето.
Големото финале донесе вистинска кулминација – дуел исполнет со напнатост, возбуда и силна поддршка од публиката. Финалистите се соочија со предизвикот да реализираат пенали против професионален голман, демонстрирајќи храброст, вештина и спортски дух.
По неизвесна завршница, победата заслужено ја освои Матеј Славевски, кој со својата прецизност и смиреност го обезбеди патувањето од соништата организиран од Hisense и Gorenje.

Дополнително, целиот настан беше проследен со одлична атмосфера, интеракција со публиката и позитивна енергија што се чувствуваше на секој чекор. Посетителите имаа можност да уживаат во динамиката на натпреварот, но и да бидат дел од едно заедничко искуство кое ги спои спортот, забавата и возбудата.
Особено внимание привлече транспарентниот и фер тек на натпреварот, со јасно дефинирани правила и прецизно водење на резултатите, што дополнително придонесе за довербата и ентузијазмот кај учесниците. Секој погодок беше проследен со аплауз, а секоја фаза носеше нова доза неизвесност.
Со свеченото прогласување, врачување на наградата и заедничко славење, Hisense и Gorenje уште еднаш покажа како се создаваат искуства што се паметат – спој на забава, спорт и можност за остварување на големи желби.

# # #
За компанијата Hisense
Hisense, основана во 1969 година, е еден од глобалните лидери во производството на апарати за домаќинство и потрошувачка електроника, со присуство во повеќе од 160 земји. Специјализирана е за испорака на висококвалитетни мултимедијални производи, апарати за домаќинство и интелигентни ИТ решенија. Според податоците на компанијата Omdia, Hisense го зазема првото место во светот во сегментот на телевизори со дијагонала од 100 инчи и повеќе (2023 – прва половина од 2025). Како официјален спонзор на FIFA World Cup 2026™, Hisense останува посветен на глобалните спортски партнерства како начин за поврзување со публиката ширум светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
