Мишо Тодоровиќ по големата победа над ТФТ: „Ништо не е завршено, сега треба да бидеме уште погладни за финале!“

Кошаркарите на Маџари продолжуваат со испишувањето историја за својот тим оваа сезона во елитното друштво.

Дебитантот во првата сезона во елитата не само што се проби во Топ 4 екипи во плејофот за титула, туку и славеше на првиот полуфинален натпревар против фаворитот ТФТ, со што дојде на само еден чекор до големото финале годинава во борбата за шампионски трофеј.

Па, сосема очекувано и предводникот на тимот, тренерот Миодраг Тодоровиќ не го крие задоволството од победата во полуфиналето над ТФТ.

„Пред сè сакам да им ја честитам победата на моите играчи. Одигравме машки, како што и доликува на едно полуфинале. Направивме голем чекор, но работата не е завршена – сега треба да бидеме уште повеќе сконцентрирани, фокусирани и гладни за победа. За публиката која дојде да нè поддржи во салата, не постојат зборови со кои можеме да им се заблагодариме!“ – вели Тодоровиќ по триумфот над ТФТ.

Се вчитува...