Сферопулос добива нов ангажман во Евролигата

Поранешниот шеф на стручниот штаб на Црвена Звезда, Јанис Сферопулос е на праг на нов ангажман во Евролигата.

Како што објавува „Еурохупс“, грчкиот стручњак е многу блиску до преземање на Анадолу Ефес. Покрај Сферопулос, и Василис Спанулис е кандидат за клупата на турскиот клуб.

Сферопулос е без работа откако ја заврши соработката со Црвена Звезда на почетокот на тековната сезона. Саша Обрадовиќ го наследи во црвено-белиот табор. Спанулис ја започна и тековната сезона работејќи во Евролигата, но поради финансиски проблеми и општа нестабилност, го напушти Монако, со кого играше во финалето на Евролигата минатата сезона.

Тренерот од Солун некогаш беше вицешампион на Европа со Олимпијакос, а работеше и во Макаби Тел Авив. Во последните месеци, тој беше поврзуван и со  ПАОК од неговиот роден град, но Андреа Тринкиери го презеде тимот.

Се вчитува...