Вардар со најдобрите ќе нападне сензација против Монпелје

Двократниот европски шампион Вардар вечерва пред домашната публика ќе се обиде да направи вистинско спортско чудо во реванш мечот од четвртфиналето од Лигата на Европа на ЕХФ. Пред „црвено-црните“ е огромен предизвик и анулирање на негативата од десет гола по убедливиот пораз од Монпелје на првиот натпревар во Франција.

Оптимизмот во таборот на вардарци е поголем по веста дека тренерот Иван Чупиќ за овој решавачки дуел ќе ги има на располагање клучните бекови Дмитро Хорига и Јака Малус. Нивното враќање во стројот му овозможува на Чупиќ да ја постави посакуваната тактика во обидот да се изненади фаворизираниот противник.

За разлика од Вардар, гостинскиот состав на Монпелје во Скопје доаѓа во идентичен состав како и на првата средба, со намера да ја одбрани високата предност и да обезбеди билет за завршниот турнир. Мечот во СЦ „Јане Сандански“ е со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...