Хапоел Тел Авив не дозволи Реал Мадрид да слави со максимални 3-0 во четвртфиналната евролигашка серија, откако израелскиот тим славеше на денешниот прв домашен дуел (одигран во Бугарија) со 75-69, намалувајќи на 2-1 и останувајќи во игра за место на фајналфор турнирот.
Првите две средби во Мадрид минаа во доминација на „кралевите“, кои полни со самодоверба влегоа и во денешниот трет дуел, контролирајќи ги играта и резултатот во првиот период. Хапоел пред крајот на четвртината се разбуди и намали на 18-21, на одмор се замина со 34-36 за Реал, но пресудна се покажа четвртата четвртина што израелскиот тим ја доби со 21-10, го сврте резултатот во своја полза и на крајот стигна до посакуваниот триумф.
Брајант и Џонс го предводеа Хапоел со по 19 поени, со 13 поени мечот го заврши Мициќ, а најефикасни кај Реал Мадрид беа Лајлс со 14 и Дек со 11 поени.
Четвртиот натпревар од оваа серија се игра в четврток, повторно во арената во Ботевград, Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
