Олимпијакос е првиот учесник на евролигашкиот фајналфор сезонава откако грчкиот гигант славеше лесно и на третиот меч во низа на кој за ривал го имаше европскиот вицепрвак Монако (82-105). По двата домашни триумфа, Олимпијакос вечерва беше подобар и на дуелот во „малото кнежевство“, со стил запечатувајќи ја визата за фајналфорот што ќе се игра токму во Атина.
Пресудно беше првото полувреме од вечерашниот натревар што избраниците на Барцокас го одиграа неверојатно на офанзивен план, погодувајќи дури 13 тројки и постигнувајќи дури 61 поен (17-26 во првата, 26-35 во втората четвртина). Победата беше осигурана, па Олимпијакос рутински ги одработе преостанатите 20 минути, на крајот славејќи со конечните 82-105.
Фурние беше прв стрелец на Олимпијакос со 22 поени, четири помалку реализираше Питерс, додека Стразел со 21 и Блосомгејм со 19 поени беа најефикасни во таборот на Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
