Силекс и тетовска Шкендија во финале, или второлигашко изненадување?

Реванш натпреварите од полуфиналето во Купот на Македонија, ќе ги дадат екипите кои ќе се борат за големиот трофеј. Дали ќе се види очекуваното финале помеѓу Силекс и Шкендија Тетово, или, пак, некој од второлигашите ќе направи изненадување?

Тетовска Шкендија, шампионот во Првата лига игра против Шкендија Арачиново, и ќе ја брани минималната предност стекната на мечот во Тетово. Дуелот се игра во Куманово, а тетовскиот тим важи за голем фаворит за пласман во финалето. За изненадување, арачиновци ќе мора да најдат начин да дојдат до победа.

Во вториот натпревар Силекс и Охрид влегуваат „од почеток“. Првиот натпревар во Охрид заврши без победник 1-1. Силекс треба да ја оправда фаворитската улога и да дојде до победа, за пласман во големото финале. Токму во Купот, Силекс гледа како единствена шанса за трофеј сезонава, откако остана без можност да ја освои титулата во ПМФЛ, и ќе го заврши првенството на четвртата позиција.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, ПОЛУФИНАЛЕ (РЕВАНШИ)

Куманово: ШКЕНДИЈА А. – ШКЕНДИЈА Т. (прв натпревар 2-3)

Кратово: СИЛЕКС – ОХРИД (прв натпревар 1-1)

Се вчитува...