Емери: „ВАР, каде си!? Судиите на терен се одлични, но ВАР е очаен“ (ВИДЕО)

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, ја критикуваше ВАР-собата по натпреварот со Нотингем Форест.

Нотингем победи со 1-0, со гол на Крис Вуд, во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа.

Емери рече дека судијата Жоао Пинеиро бил добар, но и дека ВАР требало да го информира поради остриот старт на Елиот Андерсон врз Оли Воткинс.

„Судијата беше фантастичен, фантастичен“, рече Емери, додавајќи:

„Но ВАР е навистина, навистина лош. Тоа е чист црвен картон – не разбирам зошто ВАР не го повикува судијата затоа што е толку очигледно. Тоа е многу, многу важно. Тоа е огромна, огромна грешка. ВАР е одговорен.“

Тој смета дека Андерсон заслужувал да биде исклучен.

„Судијата – фантастична работа, 10 од 10. Го ценам начинот на кој го водеше натпреварот 90 минути. Но, го гледав видеото – неверојатно. Огромна грешка. Можеше да си го скрши зглобот. Човече, ВАР – каде си? Ве молам. Тоа е ваша одговорност, ние сме професионалци. Вие работите многу лошо бидејќи тоа беше очигледно за сите. Секогаш ги почитувам судиите, но ВАР, не го разбирам тоа. Не е фер“, рече Емери.

Ревваншот е закажан за следниот четврток во Бирмингем.

Се вчитува...