Во пресрет на претстојниот пријателски натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина кој на 29 мај ќе се одигра во Сараево, „Куќата на Фудбалот“ и Фудбалската федерација на Македонија ја посети Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.
На средбата со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ стана збор и за пријателските односи на двете земји, посебно во спортот.
Исто така се разговараше и за големиот интерес кој владее за претстојниот натпревар меѓу двете репрезентации за кој уште од сега се бара билет повеќе и едно е сигурно, стадионот „Асим Ферхатовиќ“ во Сараево ќе биде исполнет до последното место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
