Енрике: Се плашев само од еден тим – од Баерн… за Арсенал не ни размислував

Луис Енрике може да биде горд на себе и на своите фудбалери по големиот успех, елиминацијата на Баерн Минхен и пласманот во големото финале од Лигата на Шампионите.

Првиот дуел го доби со атомски напад, но синоќешниот реванш беше тактичка бравура на Енрике, кој најде начин да го неутрализира баварскиот гигант и да стигне до билет за финалет.

„Среќни сме, пресреќни. Животот на тренерот не е лесен, трпевме критики по крајот од лигашкиот дел. Јас уште тогаш кажав дека имаме одличен тим и дека ќе стигнеме далеку. Новинарите критикуваа, ние на сите им покажавме колку сме добри. Одличен меч против силен ривал, горд сум. За жал, немаме многу време за славје бидејќи допрва ни следат најголемите предизвици за оваа сезона“, истакна Енрике.

Во големото финале ПСЖ ќе се сретне со Арсенал, но Енрике јасно стави до знаење дека целиот фокус до вчера бил исклучиво на Баерн.

„Од самиот почеток на сезонава во ЛШ се плашев само од еден тим, од Баерн Минхен. Затоа и сум пресреќен што успеавме да го минеме германскиот гигант. Арсенал? Да бидам искрен, до денеска воопшто не размисслував за нив. Знам дека играат добро во последно време, дека имаат одлична одбрана. Едно можам да гарантирам уште сега, сигурно нема да играме дефанзивно“, порача стратегот на ПСЖ.

Се вчитува...