Георгиевски: Имавме притисок од лани, но Вардар покажа доминација

Прекината е доминацијата на Е.Пелистер во македонскиот шампионат. После три години трофејо од Битола, се сели во Скопје во редовите на Вардар.

Лани ја испуштија во последните моменти од мечот, но во оваа сезона „црвено-црните“ на доминантен начин дојдоа до неа, а претходно го освоија и пехарот во Купот, за да ја заокружат успешната сезона.

Гоце Георгиевски смета дека Вардар имал притисок од ланската сезона, но дека во оваа покажале доминација.

„Пред почетокот на сезоната тоа ни беа целите, двојна круна во Македонија и четвртфинале во Европската лига. Ги успеавме зацртаните цели. Сакавме да одиме чекор понапред со Монпелје, но не успеавме, ама покрај тоа зад нас е една успешна сезона.

Сакам да им честитам на моите соиграчи за оваа цела напорна сезона, беше многу напорна, со доста притисоци, знаејќи дека минатата сезона ја загубивме титулата на домашен терен.

Од тој аспект, имавме притисок на грб од лани, но покажавме доминација и заслужено сме шампиони. Нашата цел беше титулата и Лигата на шампионите, се надевам на добри натпревари.“, изјави Георгиевски.

Се вчитува...