Астон Вила и Фрајбург во финалето на Лигата на Европа

Стадионот на Бешикташ во Истанбул на 20. мај ќе ги нагости Астон Вила и Фрајбург во финалето во Лигата на Европа, откако двата тима успеаја да ја стигнат негативата на своите противници, и да обезбедат пласман во мечот во кој ќе се борат за пехарот, и за пласман во Лигата на шампионите идната сезона.

Импресивно е она кое Астон Вила го направи на реваншот против Нотингем Форест. Откако се стекнаа со негатива по првиот меч, Бирмингем вечерва славеше убедлив триумф од 4-0 и пласман во финалето, уште еден за Унаи Емери во кариерата, кој е „доктор“ за ова натпреварување.

Оли Воткинс во 36. минута ги врати работите од почеток откако успеа да донесе водство за Астон Вила. Буендиа во 57. минута од пенал стрелаше за Вила, носејќи го домашниот тим во предност. Печат на финалето стави МекГин со два прекрасни голови. Најпрво во 77. минута, а потоа и во 80. минута. 

И Фрајбург ја пречека Брага со негатива од првиот меч, но на реваншот успеа да го елиминира португалскиот тим. Голема помош за Фрајбург беше и црвениот картон на Доргелеш уште во 6. минута, па во 19. минута Кублер успеа да донесе предност, а Манзамби во 41. минута погоди за 2-0 на полувремето.

Кублер во 72. минута успеа да однесе и 3-0, а Брага намали преку Виктор, и донесе неизвесност во финишот.

Се вчитува...