За трофејот во ЛК ќе се борат Кристал Палас и Рајо Ваљекано

Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе водат битка во финалето во Лигата на Конференции. Англискиот тим ја комплетираше успешната сезона на Англичаните во Европа (имаат преставник во финалето во сите три натпреварувања), и во вториот меч го победија Шахтјор, со вкупни 5-2 пласирајќи се во битка за големиот трофеј.

Автоголот на Енрике во 25. минута ги згасна и оние најмали надежи за украинскиот тим дека може да дојде до сензација. Егуиналдо во 34. минута израмни, а победата на Палас ја донесе Сар во 52. минута.

Рајо Ваљекано и во вториот меч го совлада Стразбур со истиот резултат 1-0. Алемао го постигна победничкиот гол во 42. минута од средбата. Францускиот тим во 90. минута промаши пенал, и можност да се врати во финишот.

Финалето се игра на 27. мај во Лајпциг.

Се вчитува...